Од Центарот за јавно здравје во Битола информираат дека по направените тестирања во старскиот дом „Сју Рајдер“ негативни се резултатите на ковид-19 на лицата што биле во иста соба со заболениот 85-годишен пациент, кој бил заразен од коронавирусот.
Од Центарот за јавно здравје Битола информираат дека првите пристигнати три резултати се негативни, а се очекуваат резултатите од земените брисеви на уште околу 20-тина лица од домот, вработени и пациенти.
Инаку 85-годишниот пациент, кој бил на 18 март сместен во старскиот дом „Сју Рајдер“ по откривањето на заразата е префрлен на Инфективното одделние во Клиничката болница во Битола, моментално се наоѓа во добра состојба и е стабилен.
– Пациентот е се уште на Инфективното одделение во Клиничката болница, со релативна лесна слика, со оглед на возраста која е најризична група и заради условите и другите пациенти во домот, нема да се врати, останува на натамошно лекување – изјави Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје Битола.
Инаку од Министерството за здравство велат дека санаитарниот инспекторат испитува како се случило инфицирањето во старскиот дом „Сју Рајдер “ во Битола, каде се сместени околу 150 лица.
М.М.