Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од ковид-19. По градови: Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.
Во ГОБ „8 септември“ почина едно лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1.399 а последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 475
Куманово – 376
Дебар – 51
Штип – 34
Прилеп – 143
Тетово – 75
Струга – 64
Велес – 66
Битола – 19
Охрид – 15
Кавадарци – 5
Гостивар -15
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино – 4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево – 1
Валандово -1
Виница – 2
Направените 289 теста се преку: ИЈЗ – 226, Ветеринарен ф-тет – 9, Авицена –12, Систина со ПЦР метода – 38 и МАНУ – 4 . Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен еден нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на ковид-19.