На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 15-годишна пациентка од Селце, Тетовско.
Според информациите од Министерството за здравство, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста.
Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста. Од министерството велат дека пациентката имала обезитас.
Според кажувањата на таткото на девојчето, и нејзината мајка починала од коронавирус.