Согласно новото време за ограничено движење, Владата донесе измени во однос на отстапките за граѓаните што имаат куче како домашно милениче, според што од понеделник до петок може да ги изнесуваат надвор од своите домови во временскиот период пред започнување на забраната и посебниот режим на движење, односно до 19 часот.
Во сабота домашните миленичиња може да се изнесуваат во времетраење од 30 минути, во вечерните часови, односно од 20 часот до 20:30 часот, а во недела наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 часот и во вечерните часови од 20 до 20.30 часот.
Притоа, како и до сега, ова е дозволено граѓаните да го прават најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат и да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.