– Остро се спротивставуваме на предлогот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, платите на сите вработени во јавниот сектор да се сведат на минималната плата во наредните два месеци (со исклучок на оние кои се директно вклучени во справувањето со кризата).
Воедно, ја повикуваме Владата да не го прифати овој предлог на претседателот на СДСМ. Ваквото драстично намалување на платите ќе ги стави во ризик вработените од јавниот сектор и нивните семејства за подмирување на основните трошоци за живот.
Покрај тоа, предложените мерки ќе ја оневозможат проактивната улога на професорите и наставниците, кои преземаат активности за продолжување на едукативните активности и во овие вонредни околности, користејќи онлајн алатки – соопшти Независниот академски синдикат (НАкС).
– Се согласуваме дека солидарноста е единствен начин за надминување на ефектите од кризата, но токму затоа е потребно и приватниот сектор, особено лицата со повисоки плати, како и високопрофитабилните компании и компаниите од гранките кои нема да бидат погодени од кризата, исто така како и јавниот сектор, да учествуваат со свој придонес за закрепнување на економијата. Затоа, предлагаме неколку алтернативни мерки.
Плафонирање на платите до износ од 2.000 евра (и во приватниот и во јавниот сектор) и пренасочување на вишокот во фондот за справување со кризата.Воведување солидарен данок на компаниите со добивки над 1 милион евра, во иснос од 10% од добивката која надминува 1 милион евра, и користење на овие средства за справување со кризата.Пренамена на буџетски средства кои не се од витално и ургентно значење во фондот за справување со кризата.
Намалување на платите на избраните и именуваните лица за 30%. Скалесто намалување на платите на вработените во јавниот сектор од 0% за оние со најниски плати, до 30% за оние со највисоки плати – се вели во соопштението.