Министерот за образование и наука Арбер Адеми соопшти на прес-конференција дека првата национална платформа за далечинско учење од утре ќе им биде достапна за сите основни и средни училишта во Македонија. Е-училницата ќе биде достапна на следниот линк.
Повеќе од 600 наставници се пријавиле да учествуваат во спроведување на платформата на која секоја наставна единица ќе биде снимена и прикажана онлајн. Во Министерството за образование и наука досега се најавени 1.000, а пристигнати се 400 снимени лекции. Платформата е направена во соработка со Бирото за образование (БРО), УНИЦЕФ и други невладини организации, по пример на системот што се користи во Хрватска. Начинот на оценување допрва треба да биде утврден.
Тој нагласи дека вчера Владата донесе уредби за наставата во сите образовни институции, преку далечинско учење – за деца од предучилишна возраст, основно и средно образование, високото образование како и за јавните научни институти.
Министерот додаде дека ќе има и полагање на државна матура и упис на факултетите, а терминот ќе зависи од состојбата со коронавирусот.