Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека во изминатите седум дена во општината имало 292 нови случаи на ковид-19, односно има намалување во однос на претходната седмица. Сепак,бројот на починати и натаму е голем, односно од последици на коронавирусот починале 16 лица.

Бројот на активни случаи денес изнесува 893, од кои 706 лица се наоѓаат на домашно лекување, 102 на болничко. 85 се лекуваат во дневната болница, а на кислородна поддршка се 60 пациенти.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.502 лица. Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 3.675, а од вирусот досега починалe 167 лицa.  

Ка.М.