Од почетокот на пандемијата, вкупно 8.087 лица се водат како оздравени од коронавирус во Македонија.
Според податоците, само вчера беа регистрирани 422 оздравени пациенти, од кои 173 од Скопје.
Вкупната бројка на заразени со коронавирус од почетокот на епидемијата изнесува 11.942, а досега починале 528 лица.
Во моментов како активно заразени се водат 3.327 лица.
Од Министерството за здравство информираат дека досега се направени вкупно 115.590 тестирања на ковид-19.