Над 700 вработени во германската компанија „Кромберг и Шуберт“ Македонија ДООЕЛ Битола се вакцинирани во Србија. Според инфорацијата од „Кромберг и Шуберт“ Македонија Битола, оваа компанија во соработка со сестринската фирма „Кромберг и Шуберт“ Србија Крушевац и Регионалната стопанска комора на Расиниот управен округ за своите вработени организираа колективо вакцинирање во Србија.
Вакцинирањето се изврши во неколку наврати во просториите на компанијата КШСР-Кр.
Имено, вработените на „Кромберг и Шуберт“ ДООЕЛ Битола до Крушевац, Србија патуваа со бесплатен организиран превоз, придружувани од медицински персонал, обезбедени ужинки и пијалоци за освежување.
Во текот на патувањето имплементирани беа сите мерки за заштита на здравјето на вработените. На инцијатива на менаџментот на компанијата, за отсутните вработени е овозможено платено отсуство од работа на денот на имунизацијата. Дополнително, вработените имаа(т) можност да пријават и членови на семејството сè со цел што побрзо да се обезбеди заштита за што поголем број на луѓе. За време на имунизацијата
Компанијата изврши преструктуирање во производството, за да не се направи застој во работата, поради отсутните колеги, а производот да биде навремено изработен и
испорачан до клиентите.
Сите вработени во КШМК кои тој ден беа присутни на работните места заедно, со сплотени сили успеаја да ја исполнат оваа цел. Иако ваквите акции бараат многу работа, напори, средства и организација, „Кромберг и Шуберт“ Македонија Битола претставува компанија која постојано и преку дела докажува дека нејзините вработени
се најважни, секогаш, во сите ситуации.
Здравје за сите без компромиси, е мотото на „Кромберг и Шуберт“. Успешната соработка на компанијата КШСР-Кр со Регионалната Стопанска Комора во Расинскиот округ од
Србија, овозможија брзо спроведување на оваа акција, заедно и со поддршка на вклучените Здравствени работници во Инситутот за јавно здравје во Крушевац, Инситутот за јавно здравје во Ниш, Владата на Република Србија како и
целиот Српски народ. Истите, претставуваат важен пример за добрососедски односи и се за најголема пофалба, се вели во информацијата која ја добивме од „Кромебрг и Шуберт“ Макеоднија ДООЕЛ Битола. М.М.