Од утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус во целата земја. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“.
– Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите односно граѓаните прво до дијагностика, а после и до спроведување и извршување на тестовите – рече Филипче.
Кол-центарот е веќе во функција од викендот и тој за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи во нашата земја, вкупно до 12 часот бројката е 114. По градови во Скопје 65, Дебар 36, Штип 7, Кавадарци и Охрид 2, Гостивар 1 и Куманово 1.