По 21 ден лекување на инфективната клиника, пратеникот Антонио Милошоски е пуштен на домашно лекување. Тој на Фејсбук објави дека по 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од ковид-19 е повторно дома.
После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид19 повторно дома. Негативен по тест, но расположен по дух…
Posted by Antonio Milososki on Понеделник, 20 јули 2020
– Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато – напиша Милошоски заблагодарувајќи му се на медицинскиот персонал во болницата за грижат за секој од пациентите.