– Дополнително, поради новата состојба со коронавирусот во земјата, Институтот за трансфузиона медицина заедно со Црвениот Крст се реорганизира во однос на крводарувањето во земјата, со цел да се запазат највисоките мерки на заштита на населението и крводарителите, а притоа да се обезбеди континуиран прилив на донирани едници на крв кои ќе обезбедат количества за покривање на итниот програм, согласно одлуката на Владата – се наведува во соопштението на министерството .
Министерството и Институтот информираат дека има свежо смрзната плазма за цела година и доволно еритроцитен концетрат во залихи, а крводарување се одвива непречено и истото се организира врз основа на претходно епидемиолошка анкета направена од Институтот за јавно здравје.