Досега околу 70 граѓани од Македонија кои имаат српско државјанство се вакцинирани против коронавирус на контролниот пункт во Врање.
– Бидејќи не можев да ја примам вакцината во Скопје и бидејќи сум двоен државјанин и на Македонија и на Србија поднесов барање до Е-управа да ја примам вакцината. Тие ми излегоа во пресрет и ми го испратија датумот кога треба да ја примам вакцината – изјави Зоран Симоновски од Скопје за „РТС.
За да бидат вакцинирани, странските државјани мора да се пријават преку веб-страницата Е-управа.
Во Србија може да се вакцинираат и странските државјани кои имаат престој во земјата.