Македонија ќе добие 800.000 вакцини против ковид-19 од прозводителот „Фајзер“ во текот на годината.
Договорот бил дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот за здравство, Венко Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против ковид-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, а потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.
– Нашата земја навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона – велат од Министерството за здравство.
Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 Целзиусови степени. Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.