Куманово повторно побара од властите да прогласат целосна изолација на градот.
– Бараме од Влада на Република Северна Македонија целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот – соопшти општината по состанокот на Општински штаб за заштита и спасување.
Општината апелира до граѓаните да се придржуваат согласно препораките на Министерство за здраство и Владата да се однесуваат одговорно спрема себе и спрема другите околу нив.
Куманово е втор град по бројот на потврдени случаи на коронавирус. Од вкупно дијагноситицирани 384 лица, од Куманово се 62.