Кривични пријави против две лица од Кичево поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата на коронавирусот. Според пријавата на ОВР Кичево, се работи за Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското село Шутово.
Првопријавениот, на 18.03.2020 година околу 13.30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17.03.2020 година, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус ковид-19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација.
На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека второпријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација.