ОВР Кичево поднесе кривични пријави против лицата В.Ј.(21)и Г.Р.(18), и двајцата од Кичево, за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените на 29 март во време на полициски час биле затекнати на улица Методија Стефаноски во Кичево, по што биле приведени во полициска станица.

Тие не се придржувале до мерката за забрана на движење на граѓаните во временскиот период од 16 до 5 часот, заради спречување на ширење на ковид-19, предвидена со Одлуката на Владата. 

З.А.