ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лицето М.Д .(45), жителка на село Бачишта, поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“. При извршена контрола на 9 август годинава, полициските службеници констатирале дека пријавената не се придржувала до решението за самоизолација и ги прекршила одредбите за забрана за движење на граѓаните заради спречување на ширење на коронавирусот ковид-19, информира Стефан Димоски од СВР Охрид. З.А.