Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува дали ќе има повторно воведување на полициски час, со цел спречување на ширење на ковид-19.
Одлуката на Комисијата потоа ќе биде доставена до Владата.
Изминатиот продолжен викенд беше воведен полициски час поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025 лица, бројката на оздравени пациенти е 1.646, а на починати е 153.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226 лица.