Над пет илјади тестови за ковид-19 и десетици илјади маски и заштитни материјали донира Кина во Македонија.
Ова го соопшти вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој кажа дека донацијата вчера тргнала од Шангај, преку Истанбул, а денеска треба да стигне во Скопје.
Оваа помош, како што најави Османи, веднаш ќе биде распределена кај здравствените установи.