Скопското обвинителство поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Обвинетиот, на 17 март се вратил во земјава по престој во Словенија, како ризична земја за ширење на коронавирусот ковид-19 и на граничнот премин Табановце потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом. На 18 март, при извршената проверка, полициските службеници не го затекнале во домот.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на лицето да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.