Продолжува трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани и починати од ковид-19 и процентот на позитивни од тестирани.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 декември тестирани се вкупно 13.123 лица, што е намалување од 15,9% во однос на минатата недела.
Регистрирани се 3.372 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 26,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.
Во периодот од 21 до 27 декември процентот на позитивни од тестирани случаи е 25,7% , што е намалување од 3,6% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (27,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (19,7%), 40-49 (17,5%), 50-59 (17,7%) и 20-29 (12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,5%) и 10-19 години (4,3%).
По добиени два негативни теста за присуство на вирусот ли со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.500 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, незначително помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 129 смртни случаи од 23 града, 30 помалку или 18,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 105 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години и четири смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години.