Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација може да се обратат до нив преку електронска пошта.
– Граѓаните кои од било која причина сè уште не добиле решение за изолација, може да испратат e -mail, на следнава адреса: [email protected], со точни лични податоци и информации за адресата и место на живеење – соопштија од ДСЗИ.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера издал 1.215 решенија за изолација и тоа во Скопје на 221 позитивни на ковид -19 и на 152 нивни контакти, а во останатите населени места на 324 позитивни на ковид -19 и на 518 нивни контакти.