Ambassador of P.R. China, H.E. Mr. Zhang Zuo

Автор: Џанг Ѕуо, амбасадор на Н.Р. Кина во Македонија

Големата љубов не познава граници. Соочени со ненадејната епидемија со Ковид-19, кинескиот Претседател Ши Јинпинг, воден од своето цврсто верување за одговорност кон луѓето и светот, научно ја водеше и лично се погрижи за оваа борба против епидемијата. Соочени со многубројните жаришта на избивање во глобалната епидемија, Претседателот Ши Јинпинг, свечено и искрено побара зајакнување на меѓународната соработка во превенцијата и контролата на епидемијата, интензивирање на интеракцијата помеѓу водачите на државите, и ги водеше заедничките напори во превенцијата и контролата на меѓународната заедница, како и забрзување на продолжување на работата сред редовната превенција и контрола на епидемијата, заради промовирање на градењето на заедница на заедничка иднина на човештвото.

Импертив е градење на партнерство во време на неволја. Кинескиот Претседател Ши Јинпинг постојано нагласува дека „информациите за епидемијата мора да бидат јавни на навремен, прецизен, отворен и транспарентен начин, како одговор на загриженоста дома и во странство.“ На 20-ти јануари, Претседателот Ши јасно даде инструкции за „објавување на информациите навремено, и да се продлабочи меѓународната соработка“. На средбата со Др. Тедрос Аданом Гебрејесус, Генералниот директор на Светската Здравствена Организација (СЗО) на 28 јануари, тој нагласи дека „епидемијата е ѓавол, и не смееме да му дозволиме да се крие“.

Кина навремено ги објавува информациите за Ковид-19 уште од почетокот на епидемијата на отворен, транспарентен и одговорен начин. На 27 декември 2019 година, кинеските официјални агенции го примија првото известување за случај на пневмонија од непознато потекло, и го издадоа првото соопштение за епидемијата на 31 декември 2019 година, и истовремено ја известија СЗО за пневмонија од непознато потекло. Започнувајќи од 3 јануари, Кина редовно ја информира СЗО, релевантните земји и региони, вклучувајќи ги и САД и кинеските Хонг Конг, Макао и Тајван за епидемијата. Кинеските истражувачки тимови ги идентификуваа патогените за рекордно краток период, и глобално ја споделија секвенцата на геномот на Ковид-19.

На 16 февруари, заеднички тим на експерти од 8 земји, вклучувајќи ги САД и СЗО започнаа деветдневна посета на терен во Кина. Веднаш откако превенцијата и контролата дома дадоа првични резултати, Кина даде иницијатива да испраќа медицински експерти за да водат на лице место и организираше видео конференции со експерти насекаде во светот, и основа онлајн центар за знаење за превенција и контрола на Ковид-19, споделувајќи го безрезервно своето искуство како одговор на епидемијата, медицинскиот третман, техничкото водство и стандардите со меѓународната заедница.

Кина активно го промовира заедничкото истражување и развојот на лекови и вакцини со меѓународните агенции, вклучувајќи ја СЗО и изгради значаен консензус за човештвото да ја надмине епидемијата. Во моментот, епидемијата сеуште се шири рапидно во светот. Не смееме да дозволиме осудувањето да ги попречи нашите заеднички напори во борбата со епидемијата, и да дозволиме политичката стигматизација да создаде контрадикторности и разлики. Само со работење заедно и со
меѓусебно помагање меѓународната заедница може да надвладее над епидемијата.

Императив е да создадеме глобално село кое ќе споделува благосостојба и тага. Вирусот не познава граници. Тешкотиите го ставаат пријателството на тест. На 25 јануари, првиот ден на Кинеската Нова Година, Претседателот Ши Јинпинг одржа состанок за да се направи сеопфатен аранжман за зајакнување на превенцијата и контролата на епидемијата, потенцирајќи дека животот и здравјето на луѓето треба да бидат врвен приоритет, зголемување на стапката на прием и закрепнување, и намалување на стапката на инфекција и стапката на смртност треба да бидат најважни задачи и да се направат максимални напори да се спасат што е можно повеќе
животи.

Кина е посветена на заштита на секој живот со љубов. Вкупната стапка на оздравување во Вухан е 94 %, и стапката на оздравување на пациенти со критична состојба е преку 89 %. Најголема заложба е никогаш да не се откажувате од надежта, никогаш да не се откажувате од ниту еден пациент, без оглед на тоа што пациентот е постар граѓанин на возраст од 108 години, или бебе кое е родено пред 30 часа. После двомесечна напорна борба, Кина стана една од првите земји што ја контролира епидемијата дома, и акумулира искуство и ја зголеми довербата за глобалната анти-епидемиска кампања.

Во глобалната борба против епидемијата, сите земји во светот прифатија различно историско и културно потекло, ги напуштија идеолошките предрасуди, си помагаа едни на други и изградија глобално село на еднакви со заедничка иднина. За време на најтешките моменти на епидемиската ситуација во Кина, над 70 земји и меѓународни организации ѝ дадоа материјална и друга помош на Кина, а луѓето од државите ги охрабрија Вухан и Кина на различни јазици.

Откако се подобри ситуацијата со епидемиските ограничувања во Кина, иако задачата со превенција на домашното повторно избувнување и заштита од увезените случаи е сеуште тешка, од кинеската традиција на благодарност и реципроцитет, и водена од визијата за градење на заедница со споделена судбина на човештвото како и во духот на меѓународниот хуманитаризам, Кина веднаш понуди помош и ја зајакна соработката најдобро во рамките на своите можности, и отвори канали за набавка на медицински
материјали. И кинеската влада обезбеди итна потребна помош со медицински материјали за над 140 земји и меѓународни организации, вбризгувајќи силен поттик во меѓународната анти-епидемиска кампања.

Императив е да се изгради меѓународна мрежа за заедничка превенција и контрола. Претседателот Ши Јинпинг постојано се залагаше дека „сите земји мора да работат заедно за да формираат најстрога мрежа за заедничка превенција“. На 27 март, Претседателот Ши Јинпинг прими телефонски повик од американскиот Претседател Доналд Трамп за да потврди дека епидемиските болести се заеднички непријател на човештвото, и за да се добие битката против нив, меѓународната заедница мора да се
соедини. Ковид- 19 е новооткриен вирус. Но во моментот, кога беше потврдено дека вирусот може да се пренесе од човек на човек, кинеската влада веднаш издаде предупредување до јавноста. Потоа, на 23 јануари, Вухан беше ставен во карантин. На 25 јануари, Хубеи провинцијата со население од 60 милиони беше ставена во карантин. На 27 јануари, Кина ги укина сите посети на туристи. Во тоа време, имаше 37 потврдени случаи во другите региони во светот, вклучувајќи и 3 случаи во Европа. На 30 јануари, СЗО објави дека епидемијата претставува „итен случај во јавното здравство од
меѓународна важност“. По 24 февруари епидемијата во Кина се стабилизира, но брзо се прошири низ целиот свет. На 28 февруари СЗО го прилагоди нагоре ризикот од глобална епидемија на „многу висок“. На 11 март, таа објави дека епидемијата „Ковид-19“ претставува глобална пандемија. СЗО направи големи напори да ја координира светската анти-епидемиска кампања и соработка „јавен здравствен итен случај од меѓународна важност“.

Додека работеше на сеопфатна превенција и контрола на епидемијата дома, Кина се здружи со СЗО и меѓународната заедница за изградба на заедничка мрежа за превенција и контрола. На 26 март, земјите членки на Г20 во различни временски зони оддржаа специјална видео конференција. Претседателот Ши Јинпинг присуствуваше на специјалниот самит и ги претстави четирите важни иницијативи: одлучност во глобалната борба со максимални напори против Ковид-19 епидемијата; да се направи колективен одговор за контрола и третман на меѓународно ниво; да ги поддржува меѓународните организации во играње на нивните активни улоги; да се подобри координацијата на меѓународната макроекономска политика.

Претседателот Ши исто така на Г20 ѝ предложи иницијатива за помош за Ковид-19 за подобро споделување на информации и политика и координација на активностите со поддршка на СЗО и заеднички да се одржува стабилноста на глобалните индустриски ланци и ланци на набавка, како и средби на високо ниво за меѓународната јавна здравствена безбедност. Кина имаше водечка улога за земјите да делуваат сложно, и да работат заедно како колективен одговор.

Императив е да се изгради нов Пат на Свилата на поврзаност. Кога Претседателот Ши Јинпинг присуствуваше на Посебниот Самит на Водачи Г20, тој ја спомна потребата за имплементирање на цврсти и ефективни фискални и монетарни политики за да се одржи стабилноста на глобалните финансиски пазари и на глобалните ланци за индустрија и снабдување. Пред и по Самитот, Претседателот Ши исто така ја спомена темата за задржување на стабилноста на идустриските ланци и ланците за снабдување, во телефонските разговори со водачите на Франција, Обединетото Кралство, Германија и САД. Тој посочи дека за да се врати работењето на претпријатијата кои играат важни улоги во глобалниот индустриски ланец и да се обезбеди производство и извоз на клучни производи, силно ќе се поддржи глобалниот напор за борба против пандемијата, со цел да се стимулира закрепнувањето на светската економија и одржувањето на стабилноста на глобалниот пазар. Кина се обидува да ги врати своите социјални и економски активности во нормала. Производството постепено го достигнува нормалното ниво. Истовремено, Кина непоколебливо промовира отворање и комуникација, и координација меѓу нејзините трговските партнери. Кина, исто така, воведува експресен превоз за да го уедначи работењето на меѓународната логистика и синџирот за снабдување, со цел заеднички да се реализира високо-квалитетен развој на Појас и Пат Иницијативата.

На пример, Кина користи технологија за промовирање на организацијата и работењето на Кинескиот железнички експрес (ЦРЕ). Со дигитализирана надградба на услугите и реконструкција на информативниот систем на Кинескиот железнички експрес
(ЦРЕ), Кина овозможи рестартирање на карго-линијата среде епидемијата и обезбеди продолжување на работата и производството. На 14 април (по локално време), карго-возот на Кинескиот железнички експрес, кој замина од Вухан, пред 10 дена пристигна во Дуизбург, Германија. Тоа беше првиот товарен воз кој замина од Вухан од почетокот на превенцијата на епидемијата и контролата. Ова испрати позитивен сигнал дека затворањето и изолацијата на Вухан се конечно укинати.

Вухан беше отворен по долгиот период на изолација што траеше од 23 јануари до 8 април

Товарните возови на Кинескиот железнички експрес (ЦРЕ) го одржуваат своето редовно работење и достигнаа 18 земји, 57 градови во Европа. Нивните уникатни предности на оддвоениот транспортен модел и безконтактните кадровски проверки имаат уште поголемо значење во услови на превенција и контрола на епидемијата. Тие обезбедија брза патека за Европа да се здобие со медицински материјали и неопходности, придонесувајќи во анти-епидемиската соработка меѓу Кина, Европа и државите долж трасите на ефективен и ефикасен начин, и им овозможија да работат заедноза да бидат сигурни дека светската економија може да го види виножитото по невремето и да се појави со поизбалансиран и одржлив развој.

Императив е да се изгради заедница на здравје за човештвото. Од епидемијата, Претседателот Ши Јинпинг ја започна својата „телефонска дипломатија“, со водење на телефонски разговори со водачите на меѓународните организации во повеќе прилики, и испраќајќи сочувство на повеќе земји. Во својот телефонски разговор со францускиот Претседател Емануел Макрон, Претседателот Ши Јинпинг потенцира дека „Кина ќе работи со Франција за да се унапреди меѓународната соработка во контролата на епидемијата и да се даде поддршка на централната улога на ООН и на СЗО во подобрување на управувањето со глобалното јавно здравје, со цел градење на заедница на здравје за човештвото“.

Ова е првпат претседателот Ши Јинпинг да предложи „градење на заедница на здравје за човештвото“, важна иницијатива за иднината на човештвото. Борбата против епидемијата уште еднаш докажа дека ниту една земја не може да застане сама пред светскиот предизвик. Кина го поддржува и е подготвена да го зајакне глобалниот систем на управување со ООН како нејзино јадро. 74-то Генерално Собрание на Обединетите Нации усвои ваква резолуција со која се повикува меѓународната заедница да ја зајакне соработката и заеднички да ја надмине епидемијата.

Кина активно ја промовираше „Иницијативата за Појас и Пат“ и се залагаше за заедничка изградба на „Патот на свилата на здравјето“. Кина ја поддржа Светската Здравствена Организација да има водечка улога во овој поглед и активно да ја мобилизира меѓународната заедница за зајакнување на политичката координација, како и да го зголеми нивниот придонес со ресурси, особено во поглед на помагање на земјите во развој со ранлив систем на јавно здравје да се подготват за превенција и одговор на епидемија. Кина донираше 20 милиони УСД на СЗО во март и дополнителни 30 милиони американски долари во април за превенција и контрола на Ковид-19, фокусирајќи се на зајакнување на способноста на земјите во развој да се подготват и да одговорат на појавата на епидемија.

Кина предложи целосно да се искористи функцијата на Г20 во комуникацијата и координацијата, и го промовираше Специјалниот состанок на министрите за надворешни работи на Кина-АСЕАН за Ковид-19, Петтиот состанок на министрите за надворешни работи за соработка во Меконг-Ланканг и Специјалната видео конференција на министрите за надворешни работи на Кина-Јапонија-РОК. Механизмот за меѓународна заедничка реакција треба да стане клучна цел за градење заедница на здравје за човештвото.

Последниот пациент, кој на 77-годишна возраст оздрави пo двомесечна борба против вирусот, излегува од болница

Спасувањето на животи и заштита на здравјето се од најголемо значење. Од почит кон животот, третирајќи го секој пациент со љубов и грижа, го создадоа „чудото на животот“ еден по друг. На 24 април беше излечен последниот критичен случај на Ковид-19 во Вухан. Вухан, некогаш епицентарот и браник на кинеската превенција и контрола на Ковид-19, беше сведок на борбата на кинескиот народ низ најтешкиот период кога повеќе од 13.000 ново потврдени случаи пријавени во еден ден на врвот на епидемијата, до пријавени нула нови потврдени случаи, и на крајот сите сериозни и критички болни пациенти се излечија. Ова ја одбележува решавачката победа во борбата во провинцијата Хубеи и градот Вухан.

Секогаш одржувајќи трезен ум и јасно разбирање на ситуацијата, Кина е целосно подготвена да се справи со промените во надворешното опкружување подолго време со оглед на континуираното ширење на Ковид-19 на глобално ниво, и ќе продолжи да работи со другите земји во светот за да се надминат тешкотиите, и заеднички да го заштитуваат здравјето и благосостојбата на човештвото.