Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 23 до 29 август, во општина Прилеп имало 94 нови случаи на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале две лица.
Бројот на активни случаи со ковид-19 во Прилеп изнесува 239, додека на болничко лекување се наоѓаат 25 лица, од кои 21 пациент е на кислородна поддршка.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 8.631, каде што од почетокот на пандемијата од коронавирус починало 431 лице. Ка.М.