Владата вчера на седница донесе одлука за целосно изземање од забраната за движење за сите лица со попреченост со придружници.
За да го остварат ова свое право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските службеници доколку за тоа се укаже потреба.