Фото: Игор Бансколиев

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 17 до 23 мај 2021 година, во општина Прилеп имало 18 нови случаи на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале осум лица.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 122, а на болничко лекување се наоѓаат десет лица кои се на кислородна поддршка.

Вкупниот број на заразени од полеток на пандемијата со ковид-19 изнесува 8.283.

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 422 лицa.

Ка.М.