Две новозаболени лица од ковид-19 се регистрирани во Прилеп во изминатите 24 часа.
Се работи за маж и жена на возраст од 61 и 64 години. Сега вкупната бројка на заразени од коронавирус во Прилеп изнесува 12. Ова го потврди денеска на прес-конференција м-р Драгица Николовска, директорка на Центарот за јавно здравје во Прилеп.
– Во петокот беа земени 27 брисови, од нив двајца беа позитивни во изминатите два дена, другите се негативни. Десеттиот случај, за кој беше потврдено дека има коронавирус е 59-годишна жена, вработена во текстилна фабрика. Фабриката е затворена, а сите вработени се во самоизолација – рече Николовска.
Во моментот се чекаат резултати за пет земени брисеви. Секојдневно од 10 до 20 брисови се пуштаат во Инстиутутот за јавно здравје во Прилеп за анализа.
Новопотврдените четири случаи овие денови не се поврзани со претходните, односно се од ново жариште. Епидемиолозите треба ги завршат анализите. Во Центарот за јавно здравје заштитата и превентивата, вели Николовска, е на многу високо ниво.
Од Здравствениот дом велат дека ќе бидат отворени еден или два пункта за тестирање.
– До вечер ќе се знае каде ќе бидат пунктовите. Едно лице, лаборант е во
самоизолација, бидејќи било во контакт со едно од првозаразените лица – рече
директорката Оливера Аџиоска.
Моментно на инфективното одделение во прилепската болница нема ниту
едно хоспитализирано лице.
– И последното, четврто лице, кое беше хоспитализирано во болницата, е
испратено на лекување во Скопје. Имало и други болести. Инфективното одделение ецелосно се дезинфицира – посочи д-р Драги Богојески, директор на
прилепската болница, истакнувајќи дека има зголем број на породувања.
Во Прилеп, во самоизолација се 212 лица.
Општинскиот штаб за справување со кризи на Прилеп заради превенција од коронавирусот донесее одлука Градскиот пазар од утре повторно да биде
отворен.
– Се отвора бидејќи пред маркетите се создаваат големи метежи, дека нема дисциплина, со што се доведува до опасност од зголемување на ширење на коронавирусот. Пазарот од утре ќе функционира од понеделник до петок од 8 до 15 часот. Од осум до 11 часот ќе можат да пазарат повозрасните сограѓани, а по 11 помладите, па се до 15 часот. Во изминатите денови, додека беше затворен, пазарот беше дезифициран. На сите продавачи ќе им бидат поделени маски, ракавици и визири. На влезовите ќе има средства за дезинфекција, а ќе има и зголемен број редари. На општинскиот совет ќе му предложам на првата седница да бидат донесени мерки, односно закупците на тезги во пазарот да не плаќаат кирија од први април па се до завршувањето на вонредната состојба – изјави денес на прес-конференција градоначалникот Илија Јованоски. Ка.М.