Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 7 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 125, од кои 104 се наоѓаат на домашно, а 21 на болничко лекување.
Од последици на коронавирусот, починаа две лица на возраст од 62 и 83 години.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 177 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 596. Ка.М.