Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека денеска два случаи позитивни на ковид-19 се регистрирани во општина Крушево.
Во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а од болеста оздравеле двајца пациенти.

Бројот на активни случаи во Прилеп е 20, од кои 13 се наоаѓаат на домашно, а 7 на болничко лекување;
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус.
Во самоизолација се наоѓаат 65 лица.

Ка.М.