Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 12 нови случаи на коронавирус, а 16 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 127, од кои 100 се наоѓаат на домашно, а 27 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 266 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 754.
Ка.М.