Во последните 24 часа се направени 8.192 тестирањe, а регистрирани се 1.250 нови случаи на ковид-19: Скопје – 421, Гостивар – 192, Тетово – 133, Куманово – 80, Струмица – 67, Кичево – 62, Струга – 53, Охрид – 38, Прилеп – 25, Битола – 23, Дебар – 19, Кавадарци – 15, Велес – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Радовиш и Валандово – по 10, Кочани и Берово – по 9, Гевгелија и Ресен – по 8, Кратово – 6, Крива Паланка, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 3, Неготино и Демир Хисар – по 2, Богданци – 1.
Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од: Скопје – 84, Гостивар – 44, Тетово – 43, Куманово – 18, Струмица – 15, Дебар – 12, Кичево – 11, Берово – 9, Кавадарци – 5, Прилеп, Битола и Велес – по 4, Штип – 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 1.
Пријавени се 22 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (51г,66г,69г, и 72г), и Тетово (38г,71г,72г и 77г), 3 починати лица од Гостивар (57г,72г и 80г), по 2 починати лица од Охрид (69г и 85г), Струга (66г и 73г), Кичево (47г и 83г) и Дебар (67г и 84г), по едно починато лице од Куманово (64гг), Велес (47г) и Валандово (76г).
Од пријавените починати, 21 лице се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.
Направени се 8.192 тест преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-73, ЦЈЗ Тетово–182, ЦЈЗ Куманово–68, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-137, Авицена-541, Биотек-553, Систина-170, лабораторија Лаор-948, Синлаб-190, Ремедика-29, Плодност–97, Генеа -29, Никоб лаб-1.065, ВФВ Медикал-128, Ели Медика-116, Ројал Медика – 96, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.080.
Досега во земјата се направени вкупно 1.101.838 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.