Општина Сарај досега има забележано вкупно 41 лице заразено со вирусот ковид – 19 и заразените се од повеќе населени места во општината, изјави градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.
– Тука сум пред вас да ви укажам дека непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќему наштетат на целото општество. Јас сум во постојан контакт со централните и локалните институции како и со експертите и затоа, како локална самоуправа, но и како граѓани сме потполно на располагање на сите напори за да се надмине ова пандемија што побрзо. Ова борба не може да се надмине без учеството и одговорностите на сите нас. Овој вирус не е шега и ова го докажуваме секојдневно. Што побргу ја прифаќаме новата реалност и ја зголемиме заштитата кон нашето здравје, толку побргу може да се вратиме во нормалност – рече Беџети.
Тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакви фамилијарни и пријателски собири и да одржуваат лична хигиена на ниво.
Само почитувањето на мерките за заштита, рече Беџети, спречува проширување и ги поштедува членовите на нашите семејства и нашето општество.
Тој ги повика надлежните за јавното здравје да го зголемат бројот на тестирања во општините и на тој начин што побрзо и поточно да се идентификуваат заразените на кои треба да им се помогне, но и да се спречи понатамошното проширување на вирусот.
– Само со тестирање, со повеќе од 700 тестирања на ден, можеме да дознаеме колку лица се заразени и каде се жариштата на заразените – рече Беџети.