Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, објави дека позитивен на коронавирусот.
– Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај почитување на мерките за заштита од самиот почеток на пандемијата, добив позитивен резултат за ковид-19. Со благи симптоми, веќе сум во домашна самоизолација. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло – напиша Анастасов на Фејсбук.
Тој апелира до сите за дисциплина, почитување на мерките и препораките за носење на маска и социјална дистанца.
– На сите со позитивен тест ви посакувам брзо оздравување – напиша градоначалникот на Пробиштип.