Од ЈЗУ ГОБ „8 Септември” – Скопје апелираат до сите граѓани кои доаѓаат за пружање здравствена помош/заштита во оваа институција да даваат вистинити податоци.
– Во однос на епидемиолошкиот прашалник што го пополнуваат, а сè со цел да добијат адекватна помош, да не ги изложуваат здравствените работници и другите пациенти на потецијална опасност, а со тоа и да се придружуваат кон насоките на владата за спречување на ширење на инфекцијата со Ковид-19. Секое постапување спротивно од насоките подлежи на кривична одговорност – се наведува во соопштението.