Министерството за надворешни работи информира дека денес беше организиран лет за враќање на 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија.
– Упатуваме благодарност до колегите од амбасадите на Шведска, Данска, Норвешка и Холандија за кооперативноста при репатрирањето на 27 странски државјани на летот од Скопје кон денешните дестинации, како и на надлежните институции на овие држави кои помогнаа во репатријацијата на нашите граѓаните – соопштија од МНР.
Од таму велат дека продолжува успешната соработка и со надлежните власти на САД и Австралија во непреченото враќање на нашите граѓани затекнати на другите континенти.
Во текот на утрешниот ден предвиден е лет за враќање на македонските граѓани од Италија.