На денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, донесена е одлука за прогласување на нова вонредна состоја што ќе трае во следните 30 дена.

Пендаровски, посочи дека уставотворецот нема предвидено ситуација во која Собранието не работи не ја потврдува првата одлука за вонредна состојба, а кога има потреба од продолжување на истата. Тој вели дека ја презема одговорноста да донесе одлука за постоење утврдување на постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена.

– Вчера добив предлог за воведување на вонредна состојба во следните 30 дена. Согласно процените, jасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба. Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и ќе трае следните 30 дена. Уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната состојба. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту од нив нема побарано апанажа по завршување на мандатот, значи дека тие се сеуште со валиден мандат, а Собранието сепак не работи, јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања – посочи Пендаровски.

Тој ги повика политичките чинители во државата да се изјаснат за начинот на продолжувањето на вонредната состојба во државата во следниот период, бидејќи со ваква ситуација сите ќе се соочат и на средината на мај.

– Постојната вонредна состојба, завршува денеска поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена и нема да биде формално-правно продолжена, бидејќи нема уставен основ. Затоа денеска, врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуација кога Собранието не работи, ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена на територијата на целата територија на државата. Но ова решение, не ја намалува одговорноста на одговорноста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање, затоа што во средината на мај, ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе – посочи Пендаровски.