Според информациите од Центарот за јавно здравје Битола, во геронтолошкиот
центар на домот за стари и изнемоштени лица „Сју Рајдер“ позитивни на ковид-19 се 12
лица.
Од Центарот за јавно здравје во Битола велат дека двајца пациенти биле позитивни во петокот, а од викендов уште десет лица се позитивни на ковид-19. Неколку од вработените кои имаат симптоми сега се дома и чекаат да бидат тестирани.
Инаку, во геронтолошкиот центар згрижени се вкупно 70 лица, кои главно се во
поодмината старост и се неподвижни.
Во овој дом од почетокот на пандемијата забранет е влезот за невработени лица,
како и за членови на семејствата на згрижените пациенти. М.М.