Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 29 март до 4 април, во општина Прилеп имало 372 нови случаи на ковид-19, додека во овој период од последици на коронавирусот починале 18 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 1.099, од кои 145 лице се наоѓа на болничко лекување. Според в.д. директорот Кети Смилеска од од 145 пациенти кои се лекуваат, 101 се на кислородна поддршка. Веќе е исполнета половина од капацитетот и на модуларната болница што беше пуштена во употреба пред пет дена.
Вкупниот број на досега заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 7.304, а за една година од коронавирусот починале 345 лица.
Надлежните и понатаму предупредуваат на почитување на мерките за заштита, со оглед дека пикот на третиот бран се очекува овие десетина дена. Ка.М.