Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 3.087 тестирања. Најголем број нови случаи се потврдени во Тетово – 32 и Скопје – 13.
Во Дебар – 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1.
Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77 години, во болнички услови.
Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Куманово – 4, Тетово – 3, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2, Струмица– 1.
Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.