Според информациите од Министерството за здравство во последните 24 часа во Битола нема нов случај на ковид-19, но нема ниту оздравен пациент.
Сепак на инфективното одделение, за разликата од минатата недела, сега има повеќе хоспитализирани пациенти.
Додека во претходните денови, поточно до 13 мај на Клиничката болница во Битола имало само по два пациенти хоспитализирани, сега на Клиниката во Битола хоспитализирани се седум пациенти од кои шест со потврден случај на ковид-19, а еден суспектен пациент за кој се чекаат резултати.
Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.
М.М.