Во Битола моментно во изолација се 127 лица. Од нив до вчера СВР Битола контролираше 81 лице, а од вчера решенија за изолација добиле уште 46 лица, така што сега вкупниот број на лица кои ги контролира СВР Битола е 127.

Во последните 24 часа во Битола во самоизолацијата има 15 лица, а од денеска има уште три нови лица кои биле контролирани.

Инаку денеска во Битола е регистриран уште еден позитивен на ковид-19 , со што вкупниот број на заболени се искачи на 35, од кои активни се 8.

Станува збор за сопруга на заразен пациент кој бил регистриран во претходните денови, од кого наводно се заразил и еден болничар во хируршкото одделение на Клиничката болница, а со симптоми на ковид-19 е и еден хирург, за кого се очекуваат резултатите од тестирањето.

М.М.