Нови 848 ковид-случаи од 3506 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, од кои 116 се реинфекции. Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие починале 11 лица и дополнително се пријавени 11 со датум на смрт од 10 до 19 февруари, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“. Регистрирани се 1369 оздравени пациенти, а активни има 5775 случаи во државата.
Од новите 848 дијагностицирани, над половината (451) се од Скопје, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен по 10, Дебар – девет, Охрид, Крива Паланка и Валандово имаат по шест нови случаи, Струмица – пет, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод по три, Делчево, Берово и Демир Капија по два и по еден новозаразен имаат Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонска Каменица и Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа починале 11 лица: четири од нив се од Скопје (72 години, 78 години, 79 години и 80 години), три починати лица се од Штип (77 години, 84 години и 90 години) и по едно починато лице е од Битола (69 години), Куманово (52 години), Кочани (70 години) и Струга (83 години). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 11 починати лица: три починати од Скопје, две лица од Штип и по едно починато лице од Битола, Велес, Богданци, Демир Хисар, Крива Паланка и Охрид. Тие се на возраст од 64 до 87 години, а за починати се пријавени во периодот од 10 до 19 февруари 2022. Пет починале во домашни услови, а шест во болница.
Од сите 22 починати лица, кај 21 се регистрирани коморбидитети.
Од 1369-те оздравени пациенти, од Скопје се 920, Куманово – 49, Велес – 48, Битола – 43, Струмица – 41, Кавадарци – 36, Тетово – 35, Штип – 22, Прилеп и Кичево по 21, Гостивар – 20, Дебар – 17, Неготино – 14, Струга – 13, Кочани и Свети Николе по 10, Охрид – девет, Гевгелија – осум, Ресен – шест, Крива Паланка и Берово по пет, Радовиш – четири, Пехчево – три, Валандово, Делчево и Демир Капија по двајца оздравени и по еден од Македонски Брод, Кратово и Виница.
Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на вкупен број активни случаи по градови:
Скопје 136 376, Активни 3156
Куманово 16 060, Активни 256
Битола 14100, Активни 301
Прилеп 13 468, Активни 204
Тетово 13 323, Активни 191
Кавадарци 10 053, Активни 223
Гостивар 9341, Активни 92
Велес 9333, Активни 247
Охрид 8460, Активни 128
Штип 7877, Активни 59
Струмица 7874, Активни 128
Кичево 5356, Активни 108
Кочани 4919, Активни 54
Струга 4634, Активни 66
Гевгелија 4177, Активни 89
Неготино 3599, Активни 94
Свети Николе 2615, Активни 26
Ресен 2564, Активни 61
Радовиш 2491, Активни 64
Крива Паланка 2356, Активни 31
Делчево 1881, Активни 13
Берово 1707, Активни 12
Дебар 1609, Активни 39
Валандово 1522, Активни 23
Виница 1362, Активни 10
Пробиштип 1282, Активни 5
Богданци 992, Активни 27
Кратово 927, Активни 18
Крушево 875, Активни 12
Демир Хисар 814, Активни 15
Македонски Брод 685, Активни 9
Демир Капија 544, Активни 7
Македонска Каменица 520, Активни 1
Пехчево 457, Активни 6
Дојран 254, Активни 0
Вкупниот број дијагностицирани на ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјава достигна 294 407 од направени вкупно 1 874 917 тестирања. Оздравени пациенти се 279 695, починати 8937, а активни има 5775 случаи.