Македонската фирма ВАУРОН ДОО Скопје донираше 10 прочистувачи на Oдделот на ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА предвиден за пациенти со Корона вирус, за придонес кон заштитата на медицинските лица кои се грижат за заболените од Корона вирусот.
Прочистувачите VAURON HAP002 се македонски производ а интегрираниот филтер е од класата „HEPA H13“ . Филтерот во овој прочистувачот го заробува Вирусот SARS-CoV-2, иако сензорите не го детектираат истиот бидејќи е многу мал. За употребата на прочистувачот во болнички услови компанијата обезбеди и специјално изработено упатство за работа.
За корисноста на технологијата во борбата против заразните болести говори и фактот дека во 2003 година во болниците во Хонг Конг за време на епидемијата на SARS беа користени „HEPA H13″ филтри.