Во последните 24 часа од коронавирус починаа 26 лица, меѓу кои е и 23-годишно момче од Крива Паланка, информира Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42.
Во Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .
Регистрирани сe 574 оздравени пациенти.
Пријавени се 26 починати лица: 6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5 починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г) и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г), Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г).
Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.