Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на ковид-19 во Скопје-300, Куманово-29, Дебар-10, Штип-18, Прилеп-23, Тетово-9, Струга-3, Велес-19, Битола-19, Охрид-22, Кавадарци-29, Гостивар-7, Гевгелија-10, Струмица-16, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-2, Берово-19, Валандово-1, Виница-8, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-5 и Неготино-15.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 1689 оздравени пациенти од: Скопје-815, Куманово-6, Дебар-9, Штип-17, Прилеп-36, Тетово-121, Струга-25, Велес-58, Битола-48, Охрид-34, Кавадарци-27, Гостивар-60, Гевгелија-36, Струмица-152, Крива Паланка-11, Радовиш-17, Крушево -44, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-6, Пехчево-3, Берово-8, Валандово-4, Виница-9, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-13, Кичево-34, Ресен-20 и Неготино-33.
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (77, 64 и 54г), еден од Куманово (64г), еден од Дебар (75г), еден од Тетово (63г), двајца пациенти од Охрид (58 и 69г), еден од Гостивар (65г), еден од Крива Паланка (74г), еден од Радовиш (68г) и еден пациент од Неготино (54г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85328, бројката на оздравени пациенти е 65793, на починати е 2571, а бројот на активни случаи изнесува 16964.
Направените 2452 теста се преку: ИЈЗ-595, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-236, Биотек-194, МАНУ -118, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -171, лабораторија Лаор –60, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-52, Инфективна клиника-13, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -757, УК Пулмологија со алергологија –9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 409.991 тестирања на ковид-19.