Владата донесе Одлука за укинување на увозната давачка односно царинската стапка за потрошен медицински материјал за лекот „хлорокин“ (chloroquine), за кој истражување во Франција покажа ветувачки резултати во борбата против коронавирусот.
Во таа земја започна европско клиничко испитување на третманот наречен „Дискавери“ во кој има хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени добри резултати кај заразените со ковид-19.
Клиничкото тестирање во Франција се случи кога се повеќе и повеќе се бара хлорокинот да се користи за борба против коронавирусот, но францускиот министер за здравство, а и други експерти ги повикаа луѓето на претпазливост и особено да избегнуваат да го земаат лекот на своја рака.