Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски преку неговата официјална фејсбук-страница информираше дека е на Инфективната клиника каде што прима терапија, и дека се чувствува добро, откако повеќе медиуми објавија дека е заболен од коронавирус.
– Почитувани членови и симпатизери на Обединети за Македонија, почитувана јавност, поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене. Чувајте се! – напиша Бошкоски.
Почитувани членови и симпатизери на Обединети за Македонија, почитувана јавност,Поради зголемениот интерес за мојата…
Posted by Љубе Бошкоски / Ljube Boshkoski on Среда, 23 септември 2020