Првиот возрасен пациент позитивен на ковид-19 беше примен во адаптираната детска болница „Козле“, која од денес врши прием на пациенти заразени од коронавирус, а хоспитализирани се и две деца кои се позитивни, според информациите во македонските медиуми.
Децата биле испратени од граничниот премин „Табановце“, откако биле тестирани во Ниш, Србија, додека нивните родители се негативни.
Шест случаи на коронавирусот со лесна клиничка слика биле откриени при досегашните 350 тестови на деца направени во детската болница „Козле“.
Болницата „Козле“ на располагање ќе има 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца кои се сомнителни и заразени од ковид-19. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика.