Шестмина пациенти во психијатриската болница „Бардовци“ се позитивни на коронавирус. Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов вели дека овие пациенти се единствениот познат кластер на коронавирус во моментов.
– Позитивни се шестмина пациенти. Утрово ги завршивме епидемиолошките анкети. Земени се брисеви од нивните контакти и ставени се во изолација. Овие пациенти се единствениот кластер во моментов. За сите останати новозаразени немаме податоци. Има само едно четиричлено семејство кое кажа дека биле на роденденска прослава. За останатите нема такви податоци, трансмисијата е широко распространета – вели директорот Стојанов за „Макфакс“.
Вчера, со 445 новозаразени, во Македонија беше регистрирана најголемата дневна бројка на нови случаи на заболени од ковид-19. Пациентите од Бардовци се влезени во оваа бројка.